Furkan Abdula
24 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој воедно е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, во Анкара одржа работна средба со претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на ТХП, на средбата Ибрахим изрази благодарност за силната поддршка на Турција и за солидарноста со Северна Македонија за интеграцијата во НАТО, со што се потврдуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји.
Во соопштението се нагласува дека двете страни нагласија дека одличната соработка на двете земји треба да се интензивира во сите области, вклучувајќи ја економската, културната и образовната сфера“, се вели во соопштението.
Ибрахим исто така упати честитки за 100-годишнината од основањето на Големото народно собрание на Турција.