Jeyhun Aliyev
02 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Турски лекар, специјалист по физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Серхан Куртулмуш разви сет кој го детектира коронавирусот (Ковид-19) во урината, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој рече дека на развојот на сетот работел од март оваа година и дека со помош на тестот за само 15 секунди е можно да се детектираат специфични елементи на Ковид-19 кои предизвикуваат инфекција на Ковид-19.
„Тестот доби одобрување од низа локални медицински институции и лиценциран е од страна на Министерството за здравство на Турција", рече Куртулмуш.
Истакнувајќи дека се воспоставило дека уринскиот тест е многу поверодосотен од другите видови кои посотјат на пазарот, Куртулмуш рече дек научен труд аз тоа е објавенво меѓународно научно списание.
„Нашата цел беше да направиме тест кој луѓето ќе можат да го користат за тестирање на Ковид-19 на што посигурен, побрз и поверодостоен начин", рече Куртулмуш и додаде дека тоа е првиот урински тест на коронавирусот.