Merve Yıldızalp
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Заменик на турскиот премиер и гласноговорник на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека нападите на Израел во комплексот Ал Акса како и затворањето на овој верски објект за муслиманските верници претставуваат злосторство против човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е навистина неприфатливо. Таквата одлука е навистина многу штетна. Во исламскиот свет постојат три свети места. Ал Акса во Ерусалим е една од тие три џамии. Од судирите од 1967. година никогаш не е затворена до денеска, посебно за време на петочната молитва (џума намаз). Затоа, ваквата одлука претставува злосторство против човештвото и злосторство против слободата на вероисповед", рече Куртулмуш.