Haydar Toprakçı
07 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ТУНЏЕЛИ (АА) - Припадниците на турските безбедносни сили денес неутрализираа тројца терористи во антитерористичка операција изведена во подрачјето на градот Тунџели, во источна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти канцеларијата на гувернерот во Тунџели, во акцијата на жандармеријата се неутрализирани тројца припадници на терористичката организација ПКК.
Станува збор за две жени и за еден маж, а терористите се убиени во судирите со безбедносните сили.
Припадниците на жандармеријата запленија три пушки од типот М-16, калашников и муниција.
ПКК е на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).