Durmuş Genç
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
МУГЛА (AA) – Температурата на воздухот во Мугла, провинцијата на турскиот брег од Средоземното море денес изнесуваше 30 степени, додека температурата на морето изнесуваше 22 степени, што граѓаните го искористија.
Некои туристи од блиските провинции како што се Ајдин, Денизли и Бурдур дојдоа за да уживаат во сонцето, песочните плажи и синото море, јавува Anadolu Agency (AA).
Така, додека некои се бањаа, други одлучија да се сончаат.
Организирани се и крстарења со брод, а некои уживаа во скокови од карпите.
Убавото време ги привлече и пливачите во Мармарис, една од главните туристички дестинации во Мугла.
Тука температурата изнесуваше 23 степени.