Ramazan Doğan
09 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
КУТАХЈА
Несекојдневна интервенција на пожарникарната бригада се случи во турскиот град Кутахја каде пожарникари спасија мачка која остана заглавена на куќниот балкон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станарите повикаа противпожарна екипа откако видоа мачка која се заглави на балкон на трет кат од зграда.
Откако дознаа дека во станот нема ниту еден сопственик, пожарникарите со помош на скали успеаја да ја спасат мачката и да ја спустат на тло.
Станарите раскажаа дека мачката на балконот на исто место била се од вчера и одлучиле да повикаат пожарникари откако со сопствени можности не успеале да му помогнат на животното.