Arif Yakıcı
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во операцијата против трговијата со наркотични средства, во Истанбул се запленети 1,1 тон сканк (висококвалитетна марихуана), а 11 осомничени лица се приведени и предадени на судските органи, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на истанбулската Дирекција за борба против наркокриминалот ја завршија полициската процедура во врска со операцијата, во која на 20 март во Мугла беа откриени 1,1 тони сканк и беа приведени 11 лица.
Меѓу приведените се наоѓа и лицето М.К., албански државјанин, кој наводно е водач на групата трговци со дрога.
Одвивање на операцијата
Екипите на истанбулската Дирекција за борба против наркокриминалот, на 20 март започнаа операција по разузнавачка информација дека една меѓународна наркомрежа планира со брод од Албанија, да транспортира големо количество сканк по морски пат до турскиот град Мугла, од каде што по копнен пат, наркотичните средства требало да бидат донесени во Истанбул и пуштени на пазарот.
Истанбулската полиција, по шестмесечни технички и физички активности, заедно со екипите на Дирекцијата за борба против наркокриминалот на Мугла, спроведоа операција во која беа приведени 11 лица, од кои 4 се албански државјани.
Во рамките на истрагата, во магацин беа откриени 1,1 тони сканк, поставен на различни места.