Murat Temizer
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Турските власти приведоа седум лица поради вчерашната експлозија во рафинеријата Тупраш, во градот Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата, во која загинаа 4 лица, е резултат на насобирање на гас.
По експлозијата, министерката за труд и социјална заштита, Жулидe Сариероглу, даде насоки за започнување на истрагата за која беа назначени да ја водат тројца главни инспектори и еден инспектор.
Во рамките на истрагата приведени се седуммина вработени.
Во меѓувреме, собирањето на докази поврзани со експлозијата продолжува.