Rıdvan Korkulutaş
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
КИЛИС (AA) - Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК од подрачјето на Африн, Сирија, извршија ракетен напад на џамија во турскиот пограничен град Килис, јавува Anadolu Agency (АА).
Според првичните информации, џамијата „Чалик“ во центарот на градот била погодена од ракета во 18.10 часот (по локално врмеме). Во нападот повредени се неколку лица кои во тој момент се наоѓале во џамијата.
Повредените беа однесени во државната болница во Килис.
Гувернерот Мехмет Текинарслан за АА изјави: „Ракета од Сирија ја погоди џамијата 'Чалик' за време на молитвата, има повредени“.