İzzet Mazi
09 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
КИЛИС (АА) – Денес, истреланите ракети од соседна Сирија паднале во турскиот пограничен град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетите паднале во ненаселена област. Според достапните информации, ракетите истрелани од Сирија паднале во утринските часови, во околината на гробницата на Сих Мехмет, близу границата.
Нема мртви, ниту повредени. Полициските екипи се на терен и вршат увид. Турските вооружени сили кои се стационирани на границата возвратија со оган.