Hakan Mehmet Şahin
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Неколку илјади непријавени мигранти, што имаат намера да преминат во Европа, се наоѓаат во подрачјето на Едрене, северозападна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Движењето на мигрантите, кое интензивно започна во четвртокот вечер, станува сè повидливо во Едрене. Дел од нив се обидуваат преку реката да преминат во Грција
Многу од нив тргнале од неколку градови во Анадолија, но и од Истанбул, и се собраа пред граничниот премин „Пазаркуле“, недалеку од копнената граница на Турција со Грција.
Тука ја минаа вечерта, а настојуваа и да запалат оган со цел да се загреат.
Мигрантите, меѓу кои има и жени и деца, со изгревањето на сонцето почнаа да се движат кон граничниот премин.
Исто така, сè почести се судирите меѓу мигрантите, кои се обидуваат да ја преминат границата, и припадниците на Грчките вооружени сили, кои не им го дозволуваат тоа.
Грчките војници неретко користат солзавец со цел да ги растераат мигрантите.