Enes Kaplan
18 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, коментирајќи ја одлуката на САД во Советот за безбедност на ОН да вложи вето на нацрт-резолуцијата за статусот на Кудс, истакна дека сите земји, освен администрацијата на Трамп, покажале единство во текот на гласањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сите земји, освен администрацијата на Трамп, заземаа единствен став. Сега ќе започне процес пред Генералното собрание на Обединетите нации, порача“, Калин преку Twitter (Твитер).
Потсети дека нацртот на резолуцијата, кој на иницијатива на Турција го предложи Египет, го поддржаа 14 членки на Советот за безбедност на ОН.
„Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која одлуката на САД за Кудс би била неважечка, отфрлена е со вето на САД, додека 14 земји беа за“, наведе Калин.
Соединетите Американски Држави (САД) ставија вето во Советот за безбедност на ОН на нацрт-резолуцијата за Кудс, која на иницијатива на Турција ја предложи Египет.
Со нацртот на резолуцијата се бара да „одлуката на САД за признавање на Кудс како главен град на Израел нема правен ефект".
Во текот на седницата, 14 од вкупно 15 членки на Советот за безбедност, го поддржаа споменатиот нацрт на резолуцијата, додека САД вложи вето. Нацртот на резолуцијата го поддржаа Велика Британија, Франција, Кина, Русија, Уругвај, Боливија, Етиопија, Италија, Јапан, Казахстан, Сенегал, Шведска, Украина и Египет.
Потсетуваме, во Њујорк денеска се одржа седница на Советот на безбедност на ОН на која се гласаше за резолуцијата предложена од Египет, а со која се бараше одлуките за статусот на Кудс да немаат правен ефект и да бидат отфрлени.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на 6 декември донесе одлука со која Ерусалим (Кудс) го признава како главен град на Израел и со која најави преместување на американската амбасада од Тел Авив во Кудс. По оваа одлука следуваа негодувања и протести во бројни држави.