İsmail Şen,Ömer Yasin Ergin,Suat Öztürk
05 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
ЕЛАЗИГ
Во турскиот град Елазиг е одржано последното збогување за 11 припадници на турската војска кои ги положија животите како шехиди во пад на хеликоптер на источниот дел на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последото испраќање за шехидите, кои беа прикриени со знамиња на Турција, е организирано на Аеродромот „Елазиг“. Прво со едноминутно молчење е оддадена почест на мачениците откако се прочитани нивните биографии.
По молитвата која ја проучи покраинскиот муфтија Селами Ајдин, табутите со шехидите со воен авион се префрлени во Анкара, каде што ќе се одржи државната церемонија.
За време на последното испраќање на Аеродромот „Елазиг“, семејствата на шехидите и присутните не можеа да ги задржат солзите.
По повод последното испраќање на шехидите, венци испратија голем број личности и институции, вклучувајќи го Кабинетот на претседателот на Турција, Големото народно собрание на Турција, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Турските вооружени сили.
На последното испраќање, меѓу останатите, присуствуваа министерот за одбрана, Хулуси Акар, началникот на Генералштабот, генералот Јашар Ѓулер, заменик-министерот за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, гувернерот на Елазиг, Еркаја Јирик, гувернерот на Бинѓол, Кадир Екинџи, семејствата на шехидите, парламентарци и други официјални претставници.
Најмалку 11 припадници на турската војска ги положија животите како шехиди во пад на хеликоптер на источниот дел на Турција.
Министерството за одбрана на Турција вчера соопшти дека е изгубен контакт со хеликоптерот, кој во 13:55 часот, по локално време, полетал од Бинѓол кон Татван, во близина на покраината Битлис. Од потрагата е утврдено дека дошло до пад на хеликоптерот во близина на селото Чекмеџе во Татван.
Продолжува истрагата во источниот дел на Турција каде што вчера падна воениот хеликоптер.