Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турција денеска целосно ги отфрли одлуките усвоени на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига кој беше одржан во средата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нагласувајќи дека одлуките насочени кон Турција не се заемни и од жителите на пријателските и братски арапски држави, во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се повикуваат некои членки на Лигата да престанат со „инсистирањето на стереотипните обвинувања против нашата земја [Турција] со цел да прикривање на нивните деструктивни активности“.
Од Министерството исто така е нагласено дека некои членки на Лигата го истакнале спротивставувањето на таквите одлуки „усвоени како резултат на наметнување од различни актери без спроведување на транспарентен процес на преговори меѓу земјите членки“.
Со својот принципиелен и одлучен став, Турција е една од земјите што вложува најголем напор да обезбеди регионален и глобален мир и стабилност на безбедноста, се нагласува од Министерството.
Понатаму, се нагласува дека зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичкото единство на арапските земји се меѓу главните приоритети на Турција за регионот.
„Повторно ја покануваме Арапската лига да даде приоритет на мирот, просперитетот и благосостојбата на арапскиот народ и конструктивно да придонесе за воспоставување безбедност и стабилност во регионот, наместо да ја има за цел нашата земја со неосновани обвинувања“, се додава во соопштението.
На 3 март, министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига се состанаа во главниот град на Египет, Каиро, каде што претседавањето со Лигата беше предадено од Египет на Катар.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет потпишаа договор за помирување со Катар за време на Самитот на Советот за соработка во Заливот на 5 јануари годинава за да се стави крај на повеќе од тригодишниот спор.
Четирите земји ги прекинаа дипломатските и трговските односи со Катар во 2017 година, обвинувајќи ја Доха за поддршка на тероризмот.
Катар жестоко ги отфрли обвиненијата, велејќи дека блокадата на копно, море и воздух е обид за нарушување на нејзиниот суверенитет.