Tuba Şahin
26 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
ШАНЛИУРФА (АА) - Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, денеска изјави дека Турција е подготвена да помогне во решавањето на блокадата во египетскиот Суецки Канал, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние понудивме помош, и ќе испратиме помош доколку тие ни дадат позитивен одговор“, изјави Караисмаилоглу за новинскиот канал Ен-ти-ви (NTV).
„Нашиот брод за одговор при итни случаи, „Нене Хатун“, е еден од ретките бродови во светот што спроведува толку масовни операции“, нагласи тој.
Големиот товарен брод „Евер Гивен“ се насука додека поминуваше низ новиот теснец во каналот во вторникот наутро.
Како што продолжуваат напорите за извлекување, властите велат дека извлекувањето на бродот може да потрае со денови и недели, зголемувајќи го стравот од сериозни доцнења во испораките на нафта.
Суецкиот Канал кој се смета за еден од најважните канали и теснеци во светот, е најкратката рута за испорака помеѓу Европа и Азија и е еден од главните извори на девизи за Египет.