Hanife Erdinç
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во турскиот град Чанаккале, фатени се 118 нерегуларни мигранти кои се обиделе на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Командата за крајбрежна безбедност открија две посебни групи со гумени чамци во Егејското Море.
Во рамки на операцијата реализирана во ова подрачје, фатени се 65 лица со потекло од Авганистан.
Исто така, на отворени води кај местото Ахметчеалти фатени се уште 53 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан, Иран и Сирија.
Фатените 118 нерегуларни мигранти се донесени во Командата за крајбрежна безбедност во Ќучуккују, а потоа биле пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.