Denizhan Güzel
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
ИЗМИР (АА) - Во гратчето Чешме, во турската област Измир, екипите на крајбрежната стража фатија 23 мигранти кои се обиделе на илегален начин да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите пред зори, во морскиот појас на Чешме забележале чамец во кој се превезувале мигрантите. Тие ги спречија мигрантите во намерата, односно ги одведоа на брегот.
Мигрантите, од кои 17 се Сиријци и шестмина Ирачани, имале за цел да стигнат на грчкиот остров Хиос.
Откако беа згрижени и регистрирани, мигрантите се испратени во Дирекцијата за миграции на Измир.