Şerife Çetin
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатски извори, двајцата министри во телефонскиот разговор се осврнале на кипарското прашање.
Исто така, се истакнува дека Чавушоглу и Раб разговарале и за билатералните односи.
Од друга страна, Чавушоглу оствари телефонски разговор и со министерката за надворешни работи на Монголија, Батмунк Батсетсег.
Турскиот министер упати честитки до Батсетсег, кој е новоименувана на оваа функција.