Ali Murat Alhas,Jeyhun Aliyev
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Анкара не направила никакви отстапувања на неодамнешниот самит на лидерите на НАТО и дека одобрувањето на Турција за издавањето на планот на НАТО за во Балтичкиот Регион зависи од признавањето на пактот за заканата од терористичката организација ЈПГ/ПКК од северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ги даде неговите изјави за време на посетата на Рим, каде што моментално се наоѓа за да присуствува на петтото издание на конференцијата „Медитерански дијалози“ (MED).
Осврнувајќи се на неодамнешниот поморски договор на Турција со Либија, Чавушоглу изјави дека Анкара е отворена за билатерални и мултилатерални договори во регионот на Источниот Медитеран, со единствен исклучок на администрацијата на кипарските Грци, која не ја признава.
Тој ја осуди одлуката на Грција за протерувањето на либискиот претставник во врска со поморскиот договор склучен минатиот месец помеѓу Триполи и Анкара, велејќи дека Атина го покажала своето лице со тој чекор.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.