СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ - Амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, рече дека училиштата поврзани со терористичката организација на ФЕТО се проблем за иднината на земјите во коишто функционираат и имаат потенцијал што може да биде сериозна закана, слично на она горчливо искуство од 15. јули во Турција.
Амбасадорката Кара за Anadolu Agency (AA) изјави дека во Македонија има 9 училишта поврзани со ФЕТО и истакна дека е особено вознемирена што тие училишта го носат името на познат поет од Скопје.
Турската амбасадорка во Македонија посочи дека ФЕТО на најпредавнички и најподмолен начин, во своите училишта за цел ги има најмладите генерации. Во вие училишта се спроведува „перење“ на нивните мозоци, со што се создаваат милитанти кои ќе работат за организацијата.
„За жал, медиумските институции и фирми поврзани со ФЕТО сѐ уште дејствуваат во Македонија. Овие институции немаат никаква поврзаност со Турција, ниту на каков било начин ја претставуваат Турција. Напротив, дејствуваат против Турција, со што негативно влијаат врз македонско-турските односи, барајќи можност да ја влошат соработката којашто е на највисоко ниво“, изјави амбасадорката Кара.
Амбасадорката Кара рече дека членовите на организацијата ФЕТО со години подло се инфилтрирале во државните институции, со цел да ја преземат власта, а кога нивниот предавнички план излезе на виделина, при обидот за државен удар на 15. јули, животот го загубија 250 лица и илјадници беа ранети. Таа додаде дека ФЕТО е терористичка организација којашто за цел ги има уставниот поредок и демократијата на земјата и истакна дека е неприфатлива било каква нејзина активност на полето на образованието.
Кара смета дека најсериозна закана од страна на оваа терористичка организација се активностите во една света сфера, како што е образованието, преку кое мобилизираат свои помошници. Таа додаде дека приходите што се собираат од училиштата, претставуваат значаен материјален извор за терористичката организација.
Амбасадорката Кара рече дека училиштата поврзани со терористичката организација ФЕТО се проблем за иднината на земјите во коишто фунционираат и имаат потенцијал кој може да биде сериозна закана, слично на она горчливо искуство од 15. јули, кое можеше да се види во Турција. „Од тој аспект, потребно е колку што е можно побрзо да се прекинат активностите на овие училишта во нашата пријателска и братска земја Македонија, со што ќе се спречи училиштата поврзани со ФЕТО да бидат инструмент преку којшто нашите скапоцени деца ќе бидат претворени во нивни помошници. Затоа, препуштањето на нашите деца, нашето највредно богатство, во рацете на една ваква подла терористичка организација, претставува голема закана од аспект на нашата заедничка иднина. Не треба да се заборави дека нашите деца што ги посетуваат овие училишта, во кои им се перат мозоците, утре во општеството ќе се вратат како терорист, како милитант или како поединци со скриени амбиции“, истакна амбасадорката Кара.
Кога станува збор за успехот на овие училишта, амбасадорката Кара истакна дека тоа е еден вид илузија. „Натпреварите во странство на кои учествуваат учениците од училиштата поврзани со ФЕТО, всушност се натпревари во коишто учестуваат училишта на ФЕТО од други земји, а ги прикажуваат како меѓународни натпревари. На овие натпревари однапред се познати победниците, со цел да се направи реклама за училиштата и да се залажат луѓето“, рече амбасадоракта Кара.
Таа истакна дека би сакала да упати отворена порака до сите родители во Македонија:
„Доколку родителите сакаат нивните деца да бидат од корист за ова општество и да растат како чесни индивидуи, тогаш во никој случај нека не ги испраќаат децата во овие училишта. Се надевам дека со поддршка на македонските власти, ќе успееме овие училишта и нашите деца да ги спасиме од рацете на организацијата“.
- Активности на фондацијата „Маариф“
Амбасадорката Кара рече оти е запознаена со тоа дека земјите и нивните граѓани кои се пријатели со Турција и во кои живеат нејзини сонародници, имаат големи очекувања од Турција на полето на образованието и потсети дека по таквите барања, со цел да се даде соодветно образование кое ќе одговара на возраста, на модерниот живот и животната средина, Големото турско народно собрание (TBMM) изгласа закон со кој е формирана фондација „Маариф“.
Амбасародката Кара истакна дека од првиот ден на формирањето, фондацијата „Маариф“ е крајно успешна во обезбедувањето настава и обука во формално и неформално образование засновано на вреднувањето на заедничките знаења и вредности кај луѓето. „Благодарение на работата на фондацијата 'Маариф', која е официјално поддржана од страна на Турција, во голем број земји ќе се отворат претшколски установи, основни училишта, средни училишта и високообразовни институции, и во нив, според меѓународни стандарди, децата ќе можат да добијат добро образование, со што ќе бидат успешни поединци, корисни за општеството. Нашата цел е во рамките на фондацијата 'Маариф' да се одржуваат курсеви, да се формираат студиски центри, културни центри, библиотеки, лаборатории, објекти за уметност и спорт, преку кои на нашите млади ќе им овозможиме средина во којашто ќе можат нормално да се развиваат“, изјави Кара.
Таа истакна дека една од приоритетните подрачја за фондацијата 'Маариф' се земјите од Балканот, област со земји пријатели на Турција, и додаде дека во најскоро време се очекува фондацијата 'Маариф' да започне со своите активности на полето на образованието на Балканот, почнувајќи од Македонија.
Амбасадорката истакна дека пријателските односи на Македонија со Турција се една од причините поради кои фондацијата 'Маариф' на Македонија ѝ придава особено внимание и додаде:
„Фондацијата 'Маариф' во најкусо време ќе биде дел од истакнатите образовни институции што делуваат во Македонија, со училишта за лица на различна возраст, кои ќе нудат квалитетно образование. Веруваме дека како што имаме соработка на секое поле со власта во Македонија, ќе ја имаме потребната соработка и поддршка од надлежните органи и за работата на фондацијата. Фондацијата 'Маариф' со училиштата во Македонија има за цел на младите во Македонија да им даде квалитетно и соодветно образование, кое ќе одговара на нивната возраст. Треба отворено да се каже дека училиштата поврзани со ФЕТО, кои немаат ништо заедничко со Турција, претставуваат гнезда на терористите на ФЕТО и се опасни и штетни за општествата во коишто опстојуваат. За разлика од нив, училиштата на Фондацијата 'Маариф' се реномирани, квалитетни, безбедни, и во најкусо време ќе го заземат своето место на полето на образованието“.
- Активности кои беа организирани по повод годишнината од обидот за државен удар на 15. јули
По повод годишнината од обидот за државен удар на 15. јули, изведен од страна на терористичката организација ФЕТО, амбасадорката Кара потсети дека и во неколку градови во Македонија беа организирани голем број активности, особено во Скопје.
Таа потсети дека во тие рамки, во македонските медиуми се објавени интервјуа, а преку различни програми се создаде можност Турција да ја раскаже вистината за обидот за државен удар.
„Во рамките на тие активности, започнавме и една кампања. Од учесниците кои беа дел од активностите што ги организиравме, побаравме преку своите профили на социјалните мрежи на македонски и на албански јазик да ги споделат видеата и фотографиите, на коишто може да се види вистинското лице на ФЕТО“, рече амбасадорката на Република Турција во Република Македонија.
news_share_descriptionsubscription_contact
