Zlatan Kapiç
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и министрите на двете земји потпишаа денес во Белград вкупно 12 договори меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, и министерот за транспорт, инфраструктура и поморство на Република Турција, Ахмет Арслан, денес во Белград потпишаа Писмо за намера за соработка во областа на транспортот и инфраструктурата помеѓу Србија и Турција.
Помеѓу двете земји е потпишан и меморандум за разбирање во обаста на урбанизмот.
Вкупно 12 договори се потпишани во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Заедничката политичка декларација за засновање Висок совет за соработка меѓу Србија и Турција ја потпишаа претседателите на двете земји.
Ревизијата на Договорот за слободна трговија ја потпишаа турскиот министер за економија, Нихат Зејбекџи, и министерот за надворешна трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.