Zylfije Adem Jakupi
20 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ПРИШТИНА
Во последното деноноќие во Косово се детектирани 771 новозаразен со Ковид-19, додека од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека во последните 24 часа се тестирани вкупно 3.937 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 771 биле позитивни.
Во истиот период животот го загубија 8 лица од последиците на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 1.752.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот во Косово изнесува 81.392. Досега во оваа земја се тестирани вкупно 379.904 примероци сомнителни на коронавирус.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 666 лица, односно вкупно 67.731 од почетокот на пандемијата. Моментално во Косово се активни 11.909 случаи на зараза со Ковид-19.