Stipe Majic
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа забележани се 1.186 случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19), а животот го загубија 10 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Штабот за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека во земјата има 6.917 активни случаи на зараза со Ковид-19.
Од активните случаи, 931 пациент се наоѓаат на болничко лекување, од кои 89 се ставени на респиратор.
Во последното деноноќие од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 10 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза со коронавирус во Хрватска, па сè до денес, регистрирани се 256.805 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 5.753 заразени. Вкупната бројка на оздравени изнесува 244.135, од кои 685 оздравеа во последните 24 часа“, се наведува во соопштението на Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 23.427 лица.
Досега во Хрватска е спроведено тестирање на вкупно 1.468.132 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 6.595 во последните 24 часа.