Zülfiya Yakup
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ПРИШTИНА (АА) - Заменик министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути денеска е во работна посета на Министерството за безбедносни сили на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Македонската делегација, на чело со заменик министерот за одбрана на Македонија прво беше примена од странана министерот на безбедносните сили на Косово, Хаки Демоли, кој и се заблагодари на Македонија за помошта која со години и ја дава на Косово во едукација и обука на кадети на Безбедносните сили на Косово (БСК), како и на успешната соработка меѓу двете министерства во сите подрачја.
Од друга страна, заменик министерот за одбрана на Македонија вети продолжување и продлабочување на соработката и во иднина, која е од интерес за двете земји, соопштија од Министерството на БСК.
Македонската делегација потоа се сретна и со заменик министерот на БСК, Мухамет Латиф, кој зборуваше за состојбата во Министерството на БСК, како и за регионалнат и меѓународна соработка, школување, обука, домашни и меѓународни вежби, како и процесот на трансформација на БСК во Вооружени сили на Косово. Максути на средбата ја потврди поддршката за продлабочување на соработката меѓу двете министерства, особено во подрачјето на образованието и обуката.
Тој вети и ангажирање на македонското Министерство за одбрана за зачленување на Министерството на БСК во сите регионални иницијативи, како што е и Јадранската карта А-5. На крајот од посетата, македонската делегација го посети и Центарот за универзитетски студии н БСК, каде се запознаа со програмата на студирање и условите за сместување на кадетите на БСК.
Покрај заменик министерот Максути, како дел од македонската делегација беа полковникот Валентин Ивановски, раководителот на одделот за воздушни сили на македонската армија, полковник Мухарем Мухареми, шефот на Штабот на логистичката бригада и високи претставници на Министерството за одбрана на Македонија.