Senita Sehercehajic
03 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
ПОДГОРИЦА (АА) - Нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер денес попладне ја потресе Црна Гора, пренесува Анадолу.
Земјотресот се случил во 12:40 часот во областа околу Никшиќ, а бил почувствуван во поголем дел од Црна Гора. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил регистриран на 31 километар од Никшиќ, јави РТВЦГ.
Земјотресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина, најмногу во областа на Билеч и Мостар.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран синоќа во 21:07 часот на 30 километри северозападно од Никшиќ, а 75 километри од Подгорица.