Zylfije Adem Jakupi
29 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
ПРИШТИНА (АА) - Меѓународниот традиционален натпревар „Најдобар војник 2022“ заврши со доделување на награди на најдобрите на свечената церемонија во касарната „Адем Јашари“ на Косовските безбедносни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
За најдобар меѓународен војник е прогласен Сајмон Баис од Канада, додека второто и третото место го зедоа Џејрон Спрингер од САД и Оливер Верет од Канада.
Натпреварот „Најдобар војник 2022“ започна на 25 април 2022. Учествуваа 39 натпреварувачи, меѓу кои 22 косовски војници и 17 војници од партнерски земји како САД, Турција, Хрватска, Албанија, Канада и Северна Македонија.

Заменик-министерот за одбрана на Косово, Шемси Сиља, кој им ги додели наградите на добитниците, рече дека целта на овој натпревар била да ја зголеми мотивацијата и да ги тестира воените вештини на сите учесници.
„Сакам да истакнам дека за Косовските безбедносни сили примарна цел е зголемување на воените способности, подигање на физичкиот тест и одбирање на најдобрите. Исто така, овој традиционален еднонеделен натпревар промовира вредности, подготвеност, професионализам и помага во размена на искуства со меѓународни војници од партнерски земји“, нагласи Сила.
Тој кажа дека натпреварот е предизвикувачки и дека натпреварувачите покажале висок степен на соработка со земјите партнери.
Дисциплините во кои се натпреваруваа војниците беа за физичко тестирање, навигација на терен, стрелање со оружје со краток и долг дострел и проверка на знаењето.