Admir Fazlagic
15 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ вечерва во 15 градови ширум Македонија беше прославено добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓанската прослава ја органзира Владата на Република Македонија, при што настапија околу 40 музичари од Македонија.
Во Градскиот парк во Скопје, се одржа централната прослава на која присуствуваа бројни граѓани, кои имаа можност да ги проследат настапите на „Quepurdat", „Архангел" и Кирил Џајковски.
Со граѓаните прославува вицепремиерката и министерка за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димтров, како и некои претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на политички партии.
Министерот Димитров во изјавата за медиумите рече дека Македонија од 1993 година сака да влезе во НАТО, 10 години поминало од Самитот на НАТО во Букурешт каде Македонија не усепала да добие покана за членство, а дека сега има историска година.
„Успеавме да изградиме пријателство со две држави со коишто имаме деликатни односи историски. Од тензии направивме пријателство и другарство и благодарение на тоа ни се отвораат патиштата за НАТО и имаме големо ветување за јуни 2019 за ЕУ", рече Димитров.
Доколку работите се одвиваат според планот, до наредната година во јуни, министерот Димитров очекува Македонија официјално да стане и членка на НАТО Алијансата.
Министерката Шекеринска во изјавата истакна дека граѓаните на Македонија со години имаат чувство дека на политички план се пропуштаат шансите и дека на државата и се случувале лоши шанси, но дека денеска е ден кога може да се рече дека со заеднички напрори се успеало нешто.
За оваа држава издејствуваме две историски шанси, почеток на преговори со ЕУ и покана за НАТО. Да кажеме кога сме заедно знаеме што сакаме, навистина можеме да покренеме планини.Чувството на сите ширум Македонија е тоа", рече Шекеринска.
Инаку, за време на централната прослава во Градскиот парк во Скопје, мала група луѓе дојдоа да протестираат со транспаренти на кои беа испишани пораки против НАТО.
Потсетуваме, на 12 јули во четврток, за време на НАТО Самитот во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на премиерот на Македонија, Зоран Заев, официјално му ја врачи поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО Алијансата.