Ekip
12 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Метју Нимиц, специјалниот пратеник на Обединетите нации и посредник во преговорите помеѓу Македонија и Грција, упати честитки по повод усвојувањето на уставните измени во Собранието на Македонија. Нимиц во соопштение нагласи дека Договорот, кој треба да го ратификува уште Грција, ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за „поцврста основа за мирот и безбедноста на Балканот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нимиц е личен пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за спорот за името од 1999 година, а во периодот од март 1994 година до септември 1995 година беше и пратеник на американскиот претседател Бил Клинтон за истиот спор.
Потсетуваме, со 81 глас „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието на Република Македонија вчера ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).