Zülfiya Yakup
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Во куќата на албанското семејство на Џевдед и Лумтуриа Сопа од Словиње, кај Липљан, зборот независност се изговара секојдневно, многупати. Нивната убава и весела ќерка се вика Паверсиа (Независна). Таа е врсник со државата Косово, бидејќи е родена на 17. февруари 2008 година, токму на денот кога во Собранието на Косово е прогласена независноста на Косово.
Овој 17. февруари, Павересиа Сопа полни девет години и многу добро знае зошто се вика така: „Затоа што сум родена пет минути по прогласувањето на независноста, 17. февруари 2008 година... Сакам мојата земја да биде многу голема и младите да напредуваат“.
Паверсиа оди во трето одделение во основно училиште и таа е одлична ученичка. Многу го сака косовското знаме, па една другарка ѝ подарила знаме што сама го нацртала. Заедно со останатите деца од училиштето, Паверсија се подготвува за приредбата по повод Денот на независноста на Косово.
Мајката на Парвесиа, Лумтурије Сопа се присетува дека утрото на 17. февруари 2008 година добила породилни болки и дека морала да тргне во Приштина, каде што е примена на Одделот за гинекологија.
„Во текот на породувањето, кое траеше околу 3 часа и 25 минути, се случи прогласувањето на независноста на Косово. Дојдоа лекарите, сестрите и тогашната шефица на одделението, Суада Латифи, која ме прегрна и рече: Ти честитам за независноста на земјата и за малата Паверсиа, која се роди со своето име Паверсиа“, вели Лумтурија.
Таа потсетува дека датумот на прогласувањето на независноста до последниот ден бил држен во тајност, но дека граѓаните сепак дознале дека тоа ќе се случи на 17. февруари. Нејзиниот сопруг, кој како и сите останати Албанци со нетрпение го очекувал преносот од Собранието на Косово, не бил воодушевен што мора да оди во болница, но дека на крајот сепак бил пресреќен што токму тој 17. февруари добиле ќерка.
Само два часа по раѓањето, Лимтурија и нејзината ќерка во болницата ги посети тогашниот претседател на Косово, Фатмир Сејдиу. За првиот роденден на Парвесиа семејството го посети тогашниот премиер Хашим Тачи, а за вториот повторно претседателот Сејдиу.
Лимтурија истакнува дека во семејството на нејзиниот сопруг, Парвесиа не е единствената што е родена на историски ден. Прабабата на Парвесија, Шехиде Оручи Сопа, која е убиена за време на војната во Косово во 1999. година, била родена на Денот на прогласувањето на независноста на Албанија, 28. ноември 1912 година.
Мајката на Парвесиа вели дека очекувала оти Косово како држава ќе се развива и ќе напредува побрзо.
„Да се развива онака како што расте Паверсија, би било многу подобро. Кај Паверсиа секој ден се забележува како расте“, вели Лумтурија и порачува дека сите треба да работат заедно за децата на Косово да имаат подобра иднина“.