Zülfiya Yakup
28 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
ПРИШТИНА (AA) – Владата на Косово денес ја усвои одлуката такса од 100 отсто на увоз на српските производи да се преименува и на странски брендови кои се произведуваат во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката е донесена на предлог на министерот за трговија и индустрија Ендрит Шала, кој бараше на ист начин да се третираат сите компании од Србија.
Премиерот Харадинај на седницата на Владата го постви прашањето на министерот Шала дали воведувањето на таксите на странските брендови ги влошува односите на Косово со тие компании и земји од кои тие доаѓаат. Шала одговори дека станува збор за девет компании и дека пред предлогот ги консулитрал претставниците на тие компании, кои како што рече веќе почнале да го снабдуваат косовскиот пазар преку другите земји во регионот.
Премиерот Харадинај рече дека е неприфтливо што премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, им пишувала писма на земјите кои ја признале Република Косово да ги повлечат тие признавања, како што е неприфатливо и „молчењето на високите функционери на ЕУ, во овој случај на Федерика Могерини и другите комесари на тие писма, кои се писма на агресија".
Харадинај додаде дека Косово нема да воведува други мерки, освен такси од 100 отсто. Владата на Косово на 21 ноември воведе 100-процентни царини на производите од Србија и БиХ, но тогаш од такси беа исклучени странски брендови.