Furkan Naci Top
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
АТИНА (AA) - Грција и меѓународните кредитори постигнаа договор за мерките на штедење за да добијат нови средства во рамките на третиот пакет на помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот е постигнат помеѓу преговорите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), претставниците на институциите на Европската унија (ЕУ) како и грчката влада кои се одржуваа во Атина.
Еуклид Цакалотос, министерот за финансии на Грција изјави дека се завршени преговорите за техничкиот договор.
„На тој начин е отворен пат на договорот со потребата за намалување на долгот", рече Цакалотос.
Според договорот, Грција ќе применува дополнителни мерки на за затегнување на ременот за штедење. Мерките вклучуваат намалување на пензиите во 2019 година, но и мерки кои се однесуваат на данокот на добивка во 2020 година а целта е да се остварат дополнителни средства од вкупно 3,6 милијарди евра.
Деловите од договорот се однесуваат и на реформите на пазарот на трудот и приватизација во енергетскиот сектор.
Грчката влада има намера, доколку договорот биде спроведен, кон средината на мај преку законски пат да му го понуди на парламентот на гласање.
Состанокот на Еврогрупата во Брисел е закажан за 22 мај, кога би требало да се разговара и за грчкиот долг.
Грција во јули на кредиторите треба да им исплати долг од седум милијарди долари. На состанокот на Еврогрупата одржан на седми април по долгите несогласувања на страните постигнат е рамковен договор.