Hasan Esen
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
МАДРИД (АА) - Речиси 1.500 овци и кози ги блокираа улиците во центарот на Мадрид, како дел од настанот кој датира уште од средниот век, јавува Anadolu Agency (AA).
„Trashumancia“ е традиционално преместување на стоката од летните на зимските пасишта кое датира уште од средниот век, а од 1994 година во Мадрид оваа традиција е обновена како фестивал со кој се поттикнува овчарството.

По тој повод, денес десетици овчари облечени во традиционални носии поминаа со стадата низ центарот на Мадрид, во кој сообраќајот беше блокиран.
По примерот на средновековната традиција, сточарите, со старите шпански банкноти симболично им плаќаа за поминување на стоката на претставниците на градските власти на плоштадот „Сибелес“.

Манифестацијата, која траеше четири часа, се одржа со поддршка на шпанското Министерство за земјоделство и сточарство.