Tufan Aktaş
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
На африканскиот континент во изминатите 24 часа потврдени се 2.234 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Африканскиот центар за контрола и превенција на болеста (Afrika CDC) соопштено е дека вкупната бројка на заразени на тој континент порасна на 49.352.
Во истиот период починаа 116 лица, со што вкупната бројка на починати достигна 1.959.
Досега се излекувани 16.315 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Најмногу случаи на заразување со коронавирусот се забележани во Јужна Африка, Египет, Мароко, Алжир, Нигерија, Гана и Камерун.