Mustafa Melih Ahıshalı
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 78 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 6.418, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека е потврдено заразување кај уште 1.680 лица.
Вкупниот број на заразени во Иран е зголемен на 101.650.
Тој изјави дека 2.735 заразени се наоѓаат во критична состојба, и дека од почетокот на пандемијата се излекувале 81.587 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19.
Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Иран е потврден на 19 февруари во градот Ком.