Muhammet Kurşun
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.209, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 75 лица.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.209, Џиханпур рече дека бројот на заразени се искачил на 169.425, со раст од 2.269 во текот на последното деноноќие.
Портпаролот Џиханпур соопшти дека 2.578 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додек излекувани и отпуштени од болница се 130.308 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Портпаролот исто така рече дека досега во земјата се направени 1.060.126 тестирања за Ковид-19.
Џиханур нагласи дека ризични се покраините Исфахан, Хурмузган и Кирманшах.
Во Иран на почетокот на мај бројот на евидентирани случаи беше намален на под 800. Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 повторно почна да се зголемува.