Ahmet Dursun
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 21.359, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 110 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 21.359.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 1.905 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 371.816.
Според Лари, 3.891 заразено лице се наоѓа во тешка состојба, а оздравеле 319.847 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.184.857 тестирања за Ковид-19.