Muhammet Kurşun
23 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран од последиците на заразување со новиот тип на Ковид-19 починаа уште 221 лице, вкупно 15.074, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале 221 лице, а потврден e 2.621 нов случај на заразување.
Лари појасни дека со тоа бројот на починати е зголемен на 15.074, а на заразени, на 284.034.
„Состојбата на 3.667 пациенти е тешка, а излекувани се 247.230 лица“, изјави Лари, додавајќи дека досега на присуство на Ковид-19 се извршени 2.254.123 тестирања.