Nazenin Hansu,Mustafa Melih Ahıshalı
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Мухамед Риза Кадир, ректорот на Универзитетот за медицински науки на Ком, рече дека во градот Ком е забележано зголемување на случаите со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на иранската државна телевизија, Кадир рече дека бројот на пациенти откриени со скрининг, од 15 проценти се зголеми на 45 проценти. „Ова покажува дека вирусот започна повторно да се шири во градот“, предупреди тој.
Ректорот истакна дека конференциите, состаноците и свадбите се едни од главните причини за ширењето на Ковид-19 во градот, и рече дека ваквите социјални активности не треба да се практикуваат за да се спречи епидемијата.
Критикувајќи дека во градот не се почитуваат здравствените мерки, Кадир рече: „На конференциите, состаноците и свадбите, социјалната дистанца и здравствените мерки воопшто не се почитуваат. За две недели вирусот повторно може да го достигне врвот.“
Ковид-19 во Иран за првпат беше регистриран во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја.
Заклучно со денес, бројот на починати од коронавирусот во Иран достигна 10.508, а бројот на заразени се искачи на 222.669.