Dmitri Chirciu
24 Септември 2021•Ажурирај: 26 Септември 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија веќе четири дена по ред се забележува раст во бројот на смртните случаи предизвикани од Ковид-19, а во последните 24 часа починаа 828 лица како последица на заразувањето со коронавирусот, што е највисоката бројка на смртни случаи на ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за контролирање и спречување на инфекцијата од коронавирусот на Русија, во последните 24 часа се откриени 21.379 случаи на Ковид-19, со што бројот на откриени случаи се искачи на 7.376.374.
Бројот на оздравени лица од овој вирус се зголеми на 6.574.608.
Во последните 24 часа починаа 828 лица од Ковид-19. Со ова, бројот на починати од овој вирус порасна на 202.273.
На 21 септември починаа 812, на 22 септември починаа 817, додека вчера починаа 820 лица.