Ahmet Dursun
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 139 лица, со што досега од оваа пандемија се регистрирани вкупно 2.517 смртни случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, на државната телевизија соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 139 лица низ целата земја.
Истакнувајќи дека загубата на животи предизвикана од Ковид-19 се зголемила на 2.517, Џиханпур рече дека бројот на случаи се зголемил за 3.076 и ја достигнал бројката од 35.408.
Тој исто така информираше дека состојбата на 3.206 лица кои се лекуваат во болниците е критична.
- Досега излекувани 11.679 лица -
Наведувајќи дека од вчера се излекувани 546 лица кои се пуштени од болница, Џиханпур нагласи дека во Иран излекувани се 11.679 лица.
Во Иран, каде што по Италија, Шпанија и Кина, има најголем број починати, вирусот најпрво беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири во сите покраини во земјата.