Sinan Doğan
28 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 761 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 578.326.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 27.345, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.703.906.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.629.675 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 863 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 19.556 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 257.150 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.311.317. Досега во оваа земја оздравеа 2.639.903 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 153 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 111.270. Во истиот период детектирани се 5.807 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.167.733.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.846.795 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 81 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 124.648.
Во последното деноноќие детектирани се 2.078 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.901.163. Во оваа земја досега оздравеа 4.731.933 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 29 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 36.807.
Во истиот период регистрирани се нови 666 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.636.627, а оздравеа вкупно 1.593.188 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 32 смртни случаи, вкупно 32.166 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 453 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 500.084.
Досега во Еквадор оздравеа 443.880 лица што биле позитивни на коронавирусот.