Gorana Jakovljevic
28 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
САКРАМЕНТО
Пожарникарите во американската сојузна држава Калифорнија цела ноќ се бореа против пожарите во Калдор и се обидуваа да ги заштитат куќите во долината Слај, известува Агенција Анадолија (АА).
Ангажирани се повеќе од 13.500 пожарникари за сузбивање на шумските пожари кои веќе уништија стотина куќи и поради кои се евакуирани илјадници лица.
Моторизираните екипи распоредени се покрај патиштата „Мидоулорк веј“ и „Слај парк роуд“, обидувајќи се да ги заштитат куќите од пожарот што се приближува.
Топлотниот удар и сушата поврзани со климатските промени ја отежнуваат борбата со огнената стихија на американскиот запад. Научниците истакнуваат дека поради климатските промени, регионот во последните 30 години станал многу потопол и посув, додавајќи дека поради таквиот тренд, времето ќе стане уште поекстремно, а пожарите сè почести и поуништувачки.