Mahmoud Mohamed Barakat
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во последните 24 часа се потврдени 143 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати од вирусот во земјата изнесува 10.130, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„2.595 нови лица се позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 215.096“, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Сима Садат Лари.
Тој рече дека досега вкупно 175.103 лица оздравеле и се пуштени од болниците, додавајќи дека 2.899 лица сѐ уште се наоѓаат во болниците и се во критична состојба.
„Во земјата до денеска се спроведени 1.53 тестирања“, изјави Лари.
Од појавата во кинескиот град Вухан изминатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони.
САД, Бразил, Русија и Индија моментално се најпогодените земји во светот.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 483.000 лица во светот, над 9 милиони се заразени, додека повеќе од 4,7 милиони го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.