Muhammet Emin Avundukluoğlu
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, денеска изјави дека е побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина против коронавирусот, „Турковак“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за време на состанокот на Парламентарната комисија за планирање и буџет, Коџа изјави дека вакцината е доставена на Турската агенција за лекови и медицински средства (TITCK).
„Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе биде во широка употреба. Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и за целиот свет“, нагласи Коџа.
Вакцината „Турковак“ заедно ја развија Министерството за здравство на Турција, Турскиот здравствен институт и Универзитетот „Ерџијес“ (ERU). Завршена е првата и втората фаза на испитување, додека испитувањето на третата фаза е при крај.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати најавуваше дека Турција својата антиковид-вакцина ќе ја сподели со целото човештво.
Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцини против Ковид-19, а користени се вакцините на „Фајзер-БајоНТех“ и „Синовак“.