Cuneyt Davut
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа концертот "Хиџаз 4" на дворска румелиска музика, јавува Anadolu Agency (AA).
На концертот организиран од страна на и Институтот „Јунус Емре“, Турски културен центар - Скопје, изведувачот на канун Џенгиз Ибрахим и оркестарскиот ансамбл на љубителите на музиката им овозможи да ги слушнат делата на румелиската музика.
Заменик-директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Фуат Коркмаз, во изјавата за АА истакна дека заедно со Џенгиз Ибрахим, кој е една вредност на Румелија и Балканот, заедно со оркестарот презентираа музика од румелискиот Балкан.

„Ние како Институт „Јунус Емре“ имаме многу проекти и активности во сите области, како што се поддршката на уметници, писатели, академици", рече Коркмаз и додаде дека вечерашниот концерт има за цел да ги спои овие простори со музиката продуцирана од страна на Османлиите.
Уметникот на канун, Џенгиз Ибрахим, потенцираше дека со работата со којашто се занимаваат 20 години се обидуваат да бидат капка во музиката, која пак ја опишува како океан, и нагласи дека работат на музичките вредности кои од Хуните дошле во Анадолија, а оттаму во Румелија.

„Всушност во Анадолија сè е направено во име на традиционалната музика. Но, во Румелија постои една интересна музика. Има аспирации кон инструментите и ритамот на румелиската музика" рече Ибрахим и додаде дека делата кои ги работат се ‘бриз’ на делата на Султаните Абдулмеџид, Абдулазиз и Мурат II.
Ибрахим нагласи дека музичарите кои го придружуваат на сцената не се Турци туку дека се уметници од филхармонијата и операта, и потенцираше дека на поранешните концерти публиката покажала голем интерес за Дворската румелиска музика.