Adam Abu Bashal,Gökhan Kavak
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
АБУЏА (AA) - Традиционалната ткаенина позната како „анкара“ во Нигерија, која се користи во многу африкански земји, му пркоси на времето, јавува Anadolu Agency (AA).
На ткаенината анкара, која е широко употребувана на африканскиот континент, со своите шарени дезени, различни животински фигури и цветен дизајн, денес и се заканува истребување, за разлика од минатото кога беше многу употребувана.
Нигериецот Насиру Абдулахи, кој со години ја продава ткаенината анкара во својата продавница, за АА изјави дека во минатото изработката на оваа ткаенината била занает кај Африканците, но со текот на времето бил уништен од колонијализмот.

„Во предколонијалниот период во Нигерија, таквите ткаенини беа рачно плетени и изработувани, а откако Британците дојдоа во Нигерија, на многу места отворија фабрики за ткаенината анкара поради што нашите предци го оставија плетењето на ткаенината. Со текот на времето, фабриките за ткаенини беа затворени поради недостатокот на инфраструктура како електрична енергија и вода, а ткаенината анкара почна да се увезува од странство“, истакна Абдулахи.
Ткаенината анкара се преферира за секакви пригоди, од свадби па сѐ до погребни церемонии.

Ткаенината анкара освен што е дел од секојдневието, таа е една од најпреферираните ракенини и за посебните денови. Понекогаш се користи на венчавки, понекогаш на свадби, а понекогаш и на погреби.
„Ние ги користиме овие ткаенини во нашето секојдневие, но и за посебни пригоди. Ако жената сака да биде препознаена и достоинствена во посебните денови како што се венчавките и слично, таа мора да носи облека изработена од ткаенината анкара, бидејќи избирањето анкара се смета како знак на зрелост“, рече Каролин Акијеми, една од клиентките.
Ткаенината анкара во земјите на африканскиот континет е препознатливо под различни називи. Во Танзанија е позната под името „китенге“ или „канга“, во Етиопија како „јебахал либс“, во Мозамбик „капулана“ додека во Јужен Судан како „катанги“.
Името анкара значи ткаенина на јазикот на Јоруба, најголемата етничка група во Нигерија.