Besar Ademi
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Институтот за политички истражувања, Универзитетот "Колумбија" од Њујорк и Фондацијата „Алијанса на цивилизациите” во Скопје беше презентирана анкетата за перцепцијата околу спорот за името на Македонија и односите со своите соседи, како и е-книгата „Балканскиот хуманитарен коридор”, јавува Anadolu Agency (AA).
Анкетата беше спроведена во почетокот на март оваа година на национално ниво. Во неа се опфатени 1.101 возрасни лица од сите статистички региони. Целта на истражувањето е да се измерат перцепциите на граѓаните во Македонија и Грција.
Според анкетата, Грција останува најголема пречка за иднината на Македонија, поради спорот со името, а на прашањето дали граѓаните на Македонија ќе ја прифатат уставната промена на името на државата за влез во НАТО, 64.8 отсто од нив одговориле „нема”, а 28.3 отсто „да”.
„Можеби имаме нерешени прашања со соседните земји, но тие се на многу пониско ниво во споредба со Грција. Спорот со Грција директно го спречува членството во НАТО и почетокот на европската интеграција”, изјави Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања.
Директорот на програмата за градење на мирот и правата од универзитетот „Колумбија”, Дејвид Филипс, рече дека Грција и Македонија во минатото покажале дека до одреден степен се заинтересирани за соработка пред сè во интерес на државата, но додаде дека кога владите не се во можност или не се подготвени да напредуваат, тогаш преостанатите обврски на поединците и граѓанските општества да ги идентификуваат заедничките области на интерес и акција.
„Прашањето за името е длабок и тежок проблем. Актуелната грчка влада нема одредено датум за преговори по ова прашање. Сепак, важно е општествата од двете земји да работат заедно, да ја разбират меѓусебната перспектива и да се развие мрежа за интерконекција”, изјави Филипс.