„На Балканот му е потребна една единствена економска платформа”
Според податоците од МЕРТТП, 223.000 македонски граѓани Албанија ја избрале како своја туристичка дестинација за време на летните месеци оваа годинаFatjon Cuka
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
AlbaniaТИРАНА (АА) - Министерот за странски инвестиции на Република Македонија, кој престојува во посета на Албанија, оствари средба зад затворени врати со министерката за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Република Албанија (МЕРТТП), Милва Економи. Министерот Зеќири е придружуван од заменик-министерот за финансии, Гзим Беадини, и заменик-министерот за транспорт и врски, Фатон Положани, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот се разговарало за зголемување на економската соработка во доменот на инвестициите, за зголемување на трговската размена, туризмот и за различни сектори на економијата.
Во официјалното соопштение од албанското министерство се вели дека министерката Економи на почетокот на разговорот го истакнала големиот број меѓусебни официјални посети меѓу претставниците на двете земји. Во соопштението исто така се истакнува дека Економи и Зеќири го делат истиот пристап оти на Балканот му е потребна економска платформа како една целина и трансформирање на регионот во заеднички пазар за инвестиции.
„Министерката Економи изјави дека Албанија и Македонија соработуваат во спроведувањето на договорот ЦЕФТА и од 2011 година, трговската размена меѓу двете земји е либерализирана и функционира без царински давачки. Македонските бизниси и инвестиции во Албанија вклучуваат 325 претпријатија или заеднички вложувања. Фокусирајќи се на трговските услуги, министерката Економи истакна дека тие бележат тренд на пораст. За време на 2015 година, тие достигнаа вредност од 108,62 милиони евра, што претставува зголемување за 11 отсто повеќе отколку во 2014 година. Поточно, извозот се зголеми на стапка од 22 отсто, а увозот за 4,2 отсто“, се вели во официјалното соопштение од Министерството за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Република Албанија.
За време на состанокот, министерката Економи го информираше министерот Зеќири околу подготовките за Самитот на дијаспората, кој ќе се одржи во Тирана, на 13. ноември. Во соопштението се вели дека министерот Зеќири ја пофалил иницијативата на албанската Влада и изразил подготвеност за придонес.
Во врска со регионалната соработка во трговијата, албанската министерка Економи истакна дека „Коридорот 8“ е важен за успешна реализација на заедничките проекти меѓу двете земји. „Ние, како земји-членки на ЦЕФТА, треба да го користиме овој инструмент за консолидација на регионалниот пазар, вклучувајќи го и решавањето на сите трговски бариери“.
Министерот Арлинд Зеќири изрази став дека пристаништето во Драч треба да се промовира уште повеќе, како уште еден мост меѓу Албанија, Македонија и Косово. Страните исто така проценија дека поактивното учество на дијаспората во директните инвестиции во Македонија, Албанија и во Косово треба да се цени со максимално внимание.
Според податоците од МЕРТТП, 223.000 македонски граѓани Албанија ја избрале како своја туристичка дестинација за време на летните месеци оваа година.