Dzihat Aliju
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - „Халкбанк“ АД Скопје, по повод месецот на постот Рамазан, организираше ифтар во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарот присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, претседатели на политички партии, претставници на невладини организации, преставници на турски институции и организации во Македонија и голем број гости.

Пред гостите свое обраќање имаше Реџеп Сулејман Оздил, претседател на Управниот одбор на „Халбанк“ во Турција. Оздил потсети дека „Хаклбанк“, која оваа година ја прославува својата 80. годишнина, според вкупната актива се наоѓа на петтото место, според готовинските кредити на четврто место и на трето место во Турција според депозитот.

Оздил истакна дека „Халкбанк“, од своето основање досега е моќен поддржувач на трговците, занаетчиите и малите и средни бизниси. Тој рече дека на полето на банкарството за малите и средни бизниси, „Халкбанк“ зазема 15,5 отсто од пазарот и продолжува со своите понатамошни активности.

Зголемувајќи ги активностите во Турција, Оздил истакна дека „Халкбанк“ и на меѓународен план продолжува со своите тековни банкарски активности, со што банката станува моќен бренд. „Нашите банки во Македонија и Србија имаат вкупно 76 експозитури, широко развиена банкарска мрежа и секогаш се стремиме на нашите клиенти во секое време да им обезбедиме најдобра услуга и преку нашите филијали и претставништва во глобалните финансиски центри, како што се Лондон и Сингапур“, рече Оздил.
Билал Суџубаши, претседателот на Извршниот одбор на „Халкбанк“ Скопје рече дека традиционално, како и секоја година, и оваа, „Халкбанк“ организира ифтарска програма, додавајќи дека месецот на постот Рамазан е месец на добрина, искреност и добротворство.

Суџубаши истакна дека како „Халкбанк“, постигнале многу голем успех за многу кус период. „Во моментов сме една од четирите најголеми банки во Македонија. Извонредните резултати за поставените цели на секое поле и постигнатиот успех во банкарскиот сектор нѐ прават многу горди“, рече претседателот на извршниот одбор на „Халкбанк“ Скопје, Суџубаши.