Ahmet Gürhan Kartal
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
ЛОНДОН (АА) - Висок министер од британскиот Кабинет денес изјави дека изјаснувањето на Саудиска Арабија во врска со смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги во нејзиниот Конзулат во Истанбул не е веродостојно, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Не мислам дека нејзиниот одговор е веродостоен“, изјави за „Би-би-си“ (BBC) британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб.
Тој истакна дека постои сериозен знак прашалник за одговорот кој им е даден.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влезе во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Саудиските власти, по неколку дена негирање дека знаат каде се наоѓа, вчера соопштија дека признаваат оти Кашоги починал како резултат на расправија во Конзулатот.
„Ние ја поддржуваме истрагата на Турција во тоа и британската Влада сака лицата да бидат повикани на одговорност за смртта“, рече Раб.